Şeyma Uzundere
09 Октомври 2021•Ажурирај: 11 Октомври 2021
КАБУЛ
Високите делегации на талибанското движење и Соединетите Американски Држави (САД) одржуваат дводневен состанок, кој е нивен прв контакт откако талибанците ја презедоа контролата, а странските сили го напуштија Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласноговорникот на талибанците, Сухаил Шахин, за АП кажал дека талибанската делегација со делегацијата на САД ќе се состане денес и утре во Доха и дека тоа ќе биде прва прилика за разговори и за договорот што е постигнат порано.
Тој кажа дека делегациите пред сè ќе зборуваат за неопходната борба против екстремистичката група во Авганистан, како и за олеснувањето на евакуацијата на странските државјани од Авганистан.
Сите странски сили го напуштија Авганистан до 31 август, а контролата во таа земја ја презедоа талибанците.
Состанокот на талибанците и американската делегација се одржува денес по најкрвавиот терористички напад што се случи по повлекувањето на странските војници од Авганистан.
Најмалку 46 илјади луѓе се убиени, а 143 се ранети во бомбашкиот напад што го извршија терористите на ИСИС за време на џума-намазот во џамијата „Сеједабад“ во северната провинција Кундуз.