Gorana Jakovljevic
29 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
КАБУЛ
Трговците на пазарот во улицата „Мандави“, во авганистанскиот град Кабул, се борат да спојат крај со крај поради влошувањето на состојбата во земјоделието откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан, известува Агенција Анадолија (АА).
Авганистан е во тешка економска состојба откако талибанците ја презедоа власта на 15 август минатата година.
Фоторепортерот на АА забележа кадри од продажбата на птици, кафези за птици, месо, зеленчук, печива, облека... на овој живописен пазар.
Инаку, во Авганистан е вообичаено луѓето да чуваат птици како домашни миленици.