Sayed Khodaberdi Sadat
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
КАБУЛ
Авганистанскиот претседател, Ешреф Гани, се состана со специјалниот претставник на САД за Авганистан, Залмај Халилзад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Претседателството се истакнува дека претседателот Гани во Претседателската палата во главниот град Кабул се состанал со Халилзад, кој се наоѓа во мировна турнеја.
Во изјавата се потенцира дека било разговарано за мирот во земјата и за патоказот што треба да се следи во иднина.
Специјалниот претставник на САД за Авганистан, Халилзад, во вчерашната изјава споделена преку социјалните медиуми истакна: „Ги завршивме мировните преговори со Талибанците што се водат во Катар, се доближивме до компромис.“
- Мировен процес
Талибанците, кои претставуваат голема закана за Владата предводена од претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, сè уште ја одржуваат својата доминација во многу делови од земјата.
И покрај тоа што Владата во последниве години постојано се обидуваше да ги започне мировните преговори со Талибанците и во тој контекст формираше Мировен совет, сè уште не се постигнати резултати.
Неодамнешните разговори меѓу САД и Талибанците се водат „со ветување дека американските трупи целосно ќе се повлечат од земјата, како одговор на гаранцијата дека деловите контролирани од Талибанците во Авганистан нема да станат безбедна зона за терористичките организации.“