Riyaz Khaliq Khaliq
24 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Авион со 19 лица се урна денес во Непал, а судбината на патниците сѐ уште не е позната, пренесува Анадолу.
Авионот на „Саурија ерлајнс“ се урна при полетување на Меѓународниот аеродром Трибхуван (ТИА) во главниот град Катманду, објави весникот „Катманду пост“.
Премнат Такур, портпаролот на ТИА, информираше дека несреќата се случила околу 11 часот по локално време.
Меѓу 19-те лица имало и членови на екипажот, а авионот бил на пат кон градот Покхара во централен Непал.
Во тек е операција за пребарување и спасување.