Amir Latif Arain
23 Јануари 2024•Ажурирај: 24 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Австралија воведе санкции против осомничен руски хакер, наводно вмешан во кражба на лични податоци на милиони клиенти на приватна компанија за здравствено осигурување во голем кибернапад во 2022 година, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Рускиот државјанин, идентификуван како Александр Генадиевич Ермаков, е обвинет за кражба на чувствителни информации на околу 9,7 милиони клиенти на компанијата за здравствено осигурување Медибанк и нивно протекување на темната мрежа (dark web), според Австралиската радиодифузна корпорација.
„Ова е прв пат австралиската Влада да идентификува киберкриминал и да воведе киберсанкции од ваков вид и нема да биде последен“, рече министерката за внатрешни работи Клер О'Нил за новинарите.
„Медибанк, според мене, беше единствениот најразорен кибернапад што го доживеавме како нација“, додаде таа.
О'Нил рече дека иследниците, кои работат во координација со кибервластите во САД и Обединетото Кралство, биле фокусирани на „голем број руски кибербанди“ кои ѝ се закануваат на Австралија.
Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, исто така, објави дека Владата вовела „противтерористички санкции“ против 12 лица и три ентитети поврзани со Хамас, Хезболах и палестински Исламски џихад.