Ekipa
29 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
МЕЛБУРН (АА) - Иранскиот бегалец кој се самозапали во крајбрежниот австралиски Центар за притвор на Пацифичкиот остров Науру денес почина во болницата Брисбејн.
Дваесет и тригодишниот бегалец, познат како Омид, во средата истури безнин врз себе и се запали пред претставниците на ОН кои беа во посета на Центарот за притвор.
Во рамките на имиграционата политика, Австралија ги притвора барачите на азил кои пристигнуваат со брод во крајбрежниот центар за притвор во Науру, каде условите од страна на застапниците на права се опишани како ужасни.
Во Центарот за притвор се проценува статусот на барачите на азил. Омид беше класифициран како бегалец.
Министерот за имиграции, Питер Датон, денес преку соопштение ја потврди смртта на Омид, велејќи дека им е пружена „соодветна поддршка" на неговата жена и пријатели.
По 24 часа од несреќата, Омид вчера беше префрлен со хеликоптер во Брисбејн со изгореници од трет степен и зафатеност на 80 проценти од телото.
„Омид беше префрлен во болницата во Науру на медицинско лекување од страна на властите", изјави Датон.
„Потоа со воздушна медицинска амбуланта беше префрлен во Австралија" додаде тој.
„Одделот изразува сочуство на неговата жена, семејство и пријатели".
Радио вестите Еј-би-си јавија дека телото на починатиот ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина во Квинсленд.
Потпаролот на коалициската акција за бегалци, Иан Ринтоул, ги обвини условите во Науру за смртта на Омид, велејќи дека третманот и потребната поддршка за Омид се пружени со задоцнување.
Зборувајќи за АА, тој изјави дека „недостигот на искусен кадар, недостигот на медицински потрошен материјал, недостигот на внимание како и шокирачките услови во болницата во Науру се виновни за неможоста од навремено организирање на воздушно префрлување на Омид во Науру".
„Одговорните мора да ја преземат одговорноста", изјави тој.
Датон го оспори обвинението за задоцнувањето.
„Очигледно е дека Науру е 4.500 километри оддалечен од Австралија", им соопшти денес на медиумите.
Потпаролот на 'Greens Immigration', сенаторот Сара Хансон Јанг издаде соопштение во кое го опиша Омид како жртва на „суровите кампови за притвор на островот Манус во Науру".
Омид е третиот барател на азил кој почина во австралискиот центар за притвор во Науру и островот Манус во Папуа Нова Гвинеја.