Muhammet Nazım Taşcı
07 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
ИСЛАМАБАД (АА) - Австрискиот планинар Фајнелер Елијас го загуби животот во лавина при искачување на неименуван планински врв во пакистанскиот регион Гилгит-Балтистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, настанала лавина додека двајца планинари и еден водич се искачувале на неименуван врв во долината Шимшал.
Во несреќата животот го загуби австрискиот планинар Елијас кој останал под снегот, а тешко се повредени планинарот Кербер Ромона и пакистански водич.
Во пакистанскиот регион Гилгит-Балтистан има 5 планински врвови кои се повисоки од 8.000 метри.
Во регионот каде што секоја година доаѓаат стотици планинари, при искачувањето до врвот се случуваат несреќи кои резултираат со повреди или смрт.