Aşkın Kıyağan
14 Април 2023•Ажурирај: 14 Април 2023
ВИЕНА (АА) - Австриските безбедносни сили фатиле 700 шверцери на луѓе во периодот од мај 2022 година до март 2023 година, како дел од напорите на земјата за борба против нерегуларната миграција, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Герхард Карнер, пренесува Анадолу.
Карнер во изјава за медиумите рече дека организираните криминални групи ја искористиле ситуацијата по руско-украинската војна, што доведе до зголемување на нелегалниот влез во земјата.
Тој го критикуваше и системот на Шенген зоната, нагласувајќи дека не функционира доволно добро.
Карнер укажа на важноста од одржување на граничните контроли и повика на меѓународна соработка во борбата против нерегуларната миграција.
Во средата, министерот соопшти дека Австрија планира да ги продолжи контролите на границите на Унгарија и Словачка за уште шест месеци.