Emel Gözellik
11 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 27 лица загинаа, а 39 се повредени кога автобус со студенти и нивните родители падна во провалија на индонезискиот остров Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за транспорт соопшти дека автобусот со ученици од средните училишта, наставници и нивните родители кои се враќале од патување во близина на градот Сумеданг паднал во 20-метарска провалија откако возачот изгубил контрола над воланот.
Се истакнува дека во сообраќајната несреќа животот го загубиле 27 лица, а 39 се повредени, на кои лекарска помош им е укажана во болниците.
Полицијата започна истрага за несреќата. Од друга страна, некои патници тврдеа дека на автобусот му откажале кочниците.
Во Индонезија сообраќајните несреќи се чести поради ниските безбедносни мерки и лошата инфраструктура.