İdiris Okuduci
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ЕВЛАХ
Агенција Анадолија (АА) сними еден дел од воените возила на Армијата на Ерменија кои се запленети од Азербејџан.
Персонални и товарни возила од руско производство, кои припаѓале на ерменската Армија, се донесени во воената база во градот Евлах, Азербејџан.

Воен службеник во азербејџанската Армија, кој не сакаше да биде идентификуван, во изјавата за новинарот на АА истакна дека воените возила се запленети во селото Тулиш, Суговушан, кое било окупирано од страна на Ерменија.

Наведувајќи дека ерменските војници оставиле многу возила и муниција за време на операцијата, службеното лице изјави дека возилата донесени во базата биле само еден дел од тоа што е запленето.
Во возилата запленети за време на операцијата има документи, униформи, чизми, кациги и лична опрема на ерменските војници.

Азербејџанскиот претседател Илхан Алиев на 3 октомври соопшти дека е освоен регионот Суговушан, кој беше окупиран од Ерменија од 1994 година.