Zafer Fatih Beyaz
09 Февруари 2021•Ажурирај: 10 Февруари 2021
АНКАРА
Турската глобална новинска Агенција Анадолија (АА) го издаде Алманахот 2020, на турски, англиски и арапски јазик, во кој хронолошки се подредени настаните и фотографиите што ја одбележаа минатата година.
На низата годишници, АА го додаде и Алманахот 2020 година во кој се најдоа највлијателните вести и фотографии од светот на политиката, економијата, спортот, животот, културата и уметноста.
Во овогодишниот Алманах, кој го плени вниманието со едноставниот и разбирлив јазик на кој е подготвен, собрани се настани како што е повторното отворање на Аја Софија за клањање, пронаоѓањето на најголемите залихи гас во историјата на Турција, антитерористичката операција „Пролетен штит“, борбата против терористичката организација ФЕТО, 100-годишнината од основањето на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), отворањето на Претседателската библиотека на Турција и островите на демократијата и слободата и разорните земјотреси што ги погодија Елазиг и Измир.
Покрај настаните од Турција, во годишникот на АА се најдоа вестите и за победата на Азербејџан во битките за Нагорно Карабах, претседателските избори во САД, Брегзит, расистичките напади во Германија, мировниот договор на САД и талибанците, убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, отворањето на еден дел на регионот Марас за граѓаните...
Во годишникот се споменати уметниците, политичарите и научниците кои го загубија животот во 2020 година.
Алманахот 2020 година, кој е едно од изданијата на АА, денес се најде во продажба низ Турција.