Rania R.a. Abushamala
18 Септември 2025•Ажурирај: 18 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Брод со 74 мигранти се преврте недалеку од брегот на Либија, при што животот го изгубија 61 мигрант, соопшти денес Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), јавува Анадолу.
УНХЦР соопшти дека само 13 лица преживеале откако нивниот брод потонал кај брегот на Тобрук во североисточна Либија на 13 септември, додека 61 се водат како исчезнати.
УНХЦР соопшти дека сите жртви биле Суданци, изразувајќи сочувство до семејствата на сите погодени од „оваа болна трагедија“.
„Вистинското решение лежи во прекинувањето на војната во Судан, за семејствата да можат безбедно да се вратат дома без да мора да тргнат на вакви опасни патувања“, се вели во соопштението.
Од средината на април 2023 година, суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) се во војна на која бројни регионални и меѓународни посредувања не успеаја да ѝ стават крај, и покрај катастрофалната хуманитарна ситуација во земјата.