Bahattin Gönültaş
17 Октомври 2019•Ажурирај: 19 Октомври 2019
БЕРЛИН (АА) – Откако беше деактивирана неексплодираната бомба од 450 килограми од Втората светска војна пронајдена на аеродромот „Хамбург-Шнелзен“ во Германија, летовите на аеродромот започнаа повторно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на официјалната веб-страница на аеродромот „Хамбург“ се потсетува дека аеродромот вчера бил затворен за летови поради неексплодираната бомба од 450 килограми од Втората светска војна пронајдена во близина на аеродромот.
„Бомбата е деактивирана и аеродромот е отворен за летови“, се вели во соопштението и се бара патниците да контактираат со авиокомпаниите за да добијат информации за нивните летови.
Во однос на патничкиот сообраќај, аеродромот во Хамбург е петтиот најпрометен аеродром во Германија. Од аеродромот лани патувале 17 милиони 231 илјада 667 патници.