Ruslan Rehimov
18 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
БАКУ (АА) - Со полагањето заклетва пред Парламентот, Илхам Алиев денеска го започна својот четврти последователен мандат како претседател на Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Алиев со освоени 86,02 отсто гласови, победи на претседателските избори одржани на 11 април, а денеска во Парламентот на Азербејџан се одржа неговата свечена инаугурација
Претседателот на Парламентот, Ферхат Абдулаев, на инаугурацијата изјави дека Уставниот суд ги потврдил официјалните резултати од изборите, кои претходно ги соопшти Централната изборна комисија. Потоа Алиев положи заклетва.
По интонирањето на националната химна, Алиев и формално го започна својот четврти последователен мандат на функцијата шеф на државата.
На свечената инаугурација присуствуваа парламентарни и владини преставници на Азербејџан и претставници на дипломатскиот кор.