Ahmet Gençtürk
30 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџан денеска објави дека синоќа ги одбила ерменските напади од неколку страни на фронтот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана се вели дека судирите се случиле претежно во околината на Агдара, Хоџаванд и Губадли.
Се додава дека азербејџанските трупи неутрализирале многу ерменски сили, како и два ловци бомбардери „Су-25“, три тенка „Т-72“, оклопно пешадиско возило, два повеќецевни фрлачи на ракети „Смерч“ и еден повеќецевен ракетен систем „Град“, 10 различни типови артилерија, самоодна хаубица „Гвоздика“, противвоздушен ракетен систем ОСА и радарски систем „П-18“.
„Фронтот е под контрола на азербејџанската Армија“, се додава во соопштението.
- Конфликтот во Нагорно Карабах -
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.
Околу 20 отсто од територијата на Азербејџан, меѓу која и Нагорно Карабах и седум соседни региони, се под нелегална ерменска окупација речиси три децении.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.