Ruslan Rehimov
17 Август 2021•Ажурирај: 18 Август 2021
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, истакнa дека за време на окупацијата на Ерменија природните ресурси на Азербејџан се незаконски ограбени, и дека странските компании што помогнале во овој бизнис ќе бидат изведени пред меѓународните судови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
За време на посетата на провинциите Лачин и Келбаџар, кои беа ослободени од окупацијата на Ерменија, Алиев рече дека на ерменските сили им било даден рок до 25 ноември 2020 година да го напуштат Келбаџар, според декларацијата потпишана по војната во Карабах, но, дека тие пред да заминат ги изгореле куќите што не им припаѓале ним и ги исекле дрвјата во регионот.
Алиев го опиша она што го направиле Ерменците како насилство и фашизам и рече:
„Иако времињата се менуваат, ерменскиот фашизам не се менува и нема да се промени. Никој не треба да го заборави ова. Бруталноста на Ерменците е видлива. Но, тие што ги заштитуваат не сакаат да го видат тоа. Сепак, мора да го видат и ќе го видат. Тоа ќе им го покажеме. Ќе печатиме книги. Ќе организираме изложби во странство. И оние што не сакаат да го видат, ќе мора да ги видат ерменскиот фашизам и дивјаштво.“
Алиев, истакнувајќи дека Ерменците за време на периодот на окупацијата незаконски ги ограбувале природните богатства на Азербејџан, рече дека некои странски компании им помогнале во тој бизнис.
„Овие компании имаат две опции. Или ќе ни платат надомест или ќе одат на меѓународен суд. Судскиот процес веќе започна. Поканивме познати меѓународни правни фирми и сега се подготвуваат случаи. Во Келбаџар, Сојудли, Зенгилан, Вејнели и други места, нашите рудници за злато беа експлоатирани од странски компании. Тие компании знаеја дека ова е територија на Азербејџан, но го игнорираа тоа. Сега ќе одговараат. Ако не сакаат да се понижуваме на глобално ниво, треба да дојдат и да платат компензација“, нагласи претседателот Алиев.
Посочувајќи дека Ерменците за време на периодот на окупација ги уништиле шумите, претседателот Алиев рече: „Имаме фотографии направени од сателит. Ерменците уништија околу 60.000 хектари шума. Дознав дека произведувале паркет и таа работа напредувала многу брзо. И ова е грабеж. Тие ќе платат за овој грабеж. Во земјите ослободени од окупацијата се прави проценка на штета, ние ќе бараме надомест за сите штети пред меѓународните судови.“