Ruslan Rehimov
21 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
БАКУ (АА) - Азербејџан ја произведе новата генерација беспилотни летала, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Претседателството на Азербејџан, претседателот Илхам Алијев учествувал на претставувањето на новото беспилотно летало произведено од Министерството за одбранбена индустрија.
Претседателот на Азербајџан, Илхам Алијев, направи обиколка на фабриката каде што беше произведено леталото, при што беше информиран од министерот за одбранбена индустрија, Јавер Камалок, како и од други надлежни лица.
Во соопштението се вели дека новото беспилотно летало „Зербе“ е оспособено за откривање и за тактички напади.
Исто така, леталото „Зербе“ е оспособено за напади и за набљудување преку ден и ноќ, во секакви временски услови.
Беспилотното летало коешто влезе во сериско производство ќе биде дадено за употреба во војската на Азербејџан. Беше соопштено дека беспилотното летало може да се пренесува со оклопно возило и дека поседува ефективна моќ и против автомобилите и против пешадиските единици.
Алијев беше запознаен и во врска со беспилотните летала од типот „Орбитр 3“ и „Орбитр 4“, коишто се планира да се произведуваат во фабриката.
И претходно Азербеjџан има произведено беспилотно летало заедно со Израел.