Jeyhun Aliyev
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Азербејџан денес ја одбележува 102-годишнината од ослободувањето на Баку, главниот град на земјата, под водство на Кавкаската исламска армија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пријателските политички, правни, трговски и воени односи меѓу Азербејџан и Турција беа документирани кратко по основањето на Азербејџанската Демократска Република на 28 мај 1918 година со Договорот од Батуми, потпишан помеѓу новооснованата земја и тогашното Османлиско Царство на 4 јуни, 1918 година.
Со договорот, Царството ја призна независноста на Азербејџан, и можеше да побара воена помош во случај на каква било закана.
По прогласувањето независност на републиката во Грузија, Фатали Кан Хоиски, првиот премиер на Азербејџан, во јуни ја формираше Владата во Гања, сега северозападен Азербејџан, бидејќи не можеше да патува директно во сегашниот главен град на Азербејџан, Баку, затоа што градот тогаш беше под контрола на ерменските милитанти и болшевиците.
На 15 септември 1918 година, елитните османлиски сили наречени Кавкаска исламска армија под водството на 29-годишниот Нури Паша (Килигил) беа испратени од тогашниот министер за војната, Енвер Паша, на просторот на денешен Азербејџан во последните месеци од Првата светска војна како одговор на молбата од населението од регионот.
Кавкаската исламска армија, составена од азербејџански и турски војници, ја заврши својата мисија во септември, ослободувајќи го Баку и поставувајќи ги на тој начин темелите за независност на земјата децении подоцна, во 1991 година.
Над 1.100 војници од Кавкаската исламска армија ги жртвуваа своите животи заедно со азербејџанскиот народ за оваа кауза.
Ослободувањето на Баку во тоа време го поплочи патот за префрлање на главниот град од Гања и го обезбеди територијалниот интегритет на Азербејџан, обезбедувајќи ги основите за неговите идни граници.
Енвер Паша, постар брат на османлискиот генерал Нури Паша, лично му ја пренесе пораката на османлискиот главен град Истанбул дека Баку е ослободен од ерменските банди.
Азербејџанската Демократска Република беше преземена по само две години од Советскиот Сојуз, а земјата ја поврати својата независност по распадот на СССР во 1991 година.
Во 1992 година Азербејџан отвори своја амбасада во Турција.