Ruslan Rehimov
09 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Војска ослободи уште 23 села од ерменска окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку социјалната мрежа Твитер ја потврди претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
„Победничката војска на Азербејџан од окупацијата ги ослободи селата Гобу Дилагарда, Јал Пирахметли, Горно Јагливенд, Дилагарда, Сејид Махмудлу и Елесгерли на Фузули, селата Демирџилер, Чанакчи, Медетканд и Сигинак на Хоџали, селата Сусанлик, Доми, Туг, Акаку и Азих на Хоџавенд, селата Хусејналилар, Сојудлу и Долно Сирик на Џебраил и селата Горно Молу, Долно Молу и Хоџик на Губадли и селата Кечикли и Ордекли на Зенгилан. Нека живее војската на Азербејџан. Карабах е на Азербејџан.“, напиша Алиев.
Инаку, азербејџанската Војска во рамки на операцијата која ја започна на 27 септември во Нагорно Карабах, од ерменска окупација спаси пет центри на градови, три гратчиња, и околу 240 села и одредени важни позиции.