Atila Altuntaş
04 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
СТОКХОЛМ (АА) – Сириската активистка Каролин Енвиа Хамо, која живее во Шведска, истакна дека терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија убива Асирци (христијански Сиријци), но новинарите, писателите, активистите и политичарите не го гледаат тоа, туку напротив, ја рекламираат терористичката организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Сириската активистка Хамо, за државната телевизија на Шведска, СВТ, нагласи дека вистинското лице на терористичката организација ЈПГ/ПКК не го гледа ни Шведска, ниту пак, светот.
Таа, истакнувајќи дека ЈПГ/ПКК убива по своја волја и го конфискува имотот и стоката на Асирците (христијански Сиријци), нагласи: „ЈПГ ги убива Асирците, поголемиот број новинари, активисти се слепи и глуви на фактите, не ја гледаат позадината на настаните. Сирискиот лидер Давид Јендо, кој го преиспитуваше методот на ЈПГ како и многу други наши луѓе, беше убиен, други пак, беа киднапирани и изложени на тортура.“
„За жал, во шведските медиуми не можете да прочитате за убиството на Асирците од страна на ЈПГ, како и за нивните упади во училиштата“, рече Хамо, потсетувајќи дека сириските училишта не го прифатиле образовниот систем на курдски јазик и затоа во август биле нападнати од страна на ЈПГ/ПКК.
- „ЈПГ ја менува демографската структура на регионот“ -
Хамо нагласи дека меѓународните организации имаат различни извештаи за тоа дека ЈПГ/ПКК ја менува демографската структура на регионот.
Што се однесува до извештајот објавен од Европската сириска конфедерација за тоа како Сиријците живеат под ЈПГ/ПКК истакна:
„Многу познати напади врз Асирците беа обелоденети. За жал, голем број шведски полтичари и новинари не ги видоа извештаите. Врз нив влијаеше лажната магија на тие што ја прават рекламата на ЈПГ. Потребни се искрени и свесни политичари и новинари кои ситуацијата во Сирија ќе ја разберат во вистинска смисла на зборот. Како Асирец од Шведска, очекувам шведските политичари да ја осудат терористичката ЈПГ. “