Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
30 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушен напад со барел бомби на медицинскиот центар, од страна на сириската војска во населбата Бустан ал Каср во сирискиот Алепо, загинаа 5, а ранети се 25 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Началникот на Центарот за цивилна заштита во Алепо, Наџеп Енсари, за АА изјави дека хеликоптерот на сириската војска со три барел бомби извршил напад на медицински центар во населбата Бустан ел Каср која се наоѓа по контрола на опозицијата.
Тој додаде дека во текот на денот воените авиони на сириската војска бомбардирале неколку подрачја на градот.
Во воздушните напади извршени од страна на авионите на сириската војска во текот на денот, загина 11, а ранети се 35 лица.