Ekipa
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
АЛЕПО (АА) - Жителите на окупираниот Алепо веќе 40 дена се борат со недостатокот на вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Алепо, кој е поделен меѓу силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и опозицијата, повеќе од месец дена владее недостаток на вода.
Локалните извори наведуват дека жителите на сирискиот град Алепо немаат пристап до вода поради фактот што главниот центар за распределба на водата во овој град се наоѓа под контрола на силите на Асад.
Околу 2 милиони цивили во Алепо секојдневно се борат со недостатокот на вода. Ни по 40 дена нема решение за овој проблем. Претставници на режимот велат дека проблемот е во тоа што на главниот извор, кој се наоѓа под контрола на ДЕАШ, има технички проблеми. Поради тоа, според нив, водата не пристигнува во центарот на Алепо.
Меѓутоа, како што истакнуваат, работат на проектот кој би го решил овој проблем. Станува збор за поврзување на бунарите во градот со главната водоводна мрежа.
Обединитите нации (ОН) се вклучија во решавањето на проблемот пренесувајќи вода со цистерни во местата каде што нема бунари.
Експртите тврдат дека Алепо, во кој граѓаните живеат и без електрична енергија, е најмногу погоден од шестгодишната граѓанска војна во Сирија.