Ruslan Rehimov
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, во трилатерален формат во Брисел ќе се сретнат со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на премиерот на Ерменија, Алиев, Пашинјан и Мишел ќе се сретнат на 31 август.
Алиев и Пашинјан претходно се сретнаа со посредство на Мишел на 14 декември 2020 година, а на 30 март и 22 мај 2022 година во Брисел.
Ден пред средбата меѓу Алиев и Пашинјан ќе се состанат комисиите за одредување граници на чело со вицепремиерите.
Во соопштението на ерменската страна е наведено дека на 30 август во Москва ќе се сретнат делегациите предводени од вицепремиерот на Азербејџан, Сахин Мустафаев и вицепремиерот на Ерменија, Мхер Григорјан.