Ömer Musa Targal
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Илјадници луѓе во Буенос Аирес, Аргентина маршираа со цел да укажат на насилството врз жените и убиствата на жени, јавува Anadolu Agency (AA).
Маршот имаше слоган #NiUnaMenos, што може да се преведе како "ни една повеќе". Демонстрантите носеа различни транспаренти, како и фотографии од жени и девојки, жртви на насилство.
Во соопштението на некои невладини организации се вели дека во Аргентина, во просек на секои 30 часа е убиена по една жена. Минатата година биле убиени 275 жени.
Според Канцеларијата на Високиот суд за семејно насилство, околу 49 проценти од нападите се извршени од страна на поранешните брачни другари.
Во Аргентина, во последните шест години биле регистрирани повеќе од 57.000 случаи на семејно насилство.
Аргентинскиот претседател Маурисио Maцри за време на изборната кампања вети дека ќе направи нешто во врска со прашањето на насилството врз жените. Меѓу другото, тој вети дека ќе биде подготвен акционен план, и дека полицијата ќе добие експерти, кои ќе се занимаваат со проблемот на семејното насилство, особено врз жените.
И покрај масовните демонстрации минатата година, властите се уште не прездоа конкретни чекори кои би резултирале со решение на проблемот со насилството врз жените.