Sinan Doğan
04 Септември 2023•Ажурирај: 05 Септември 2023
БОГОТА (АА) - Археолозите кои спроведуваат ископувања во Перу пронајдоа големо претхиспанско населено место во кое живееле различни етнички групи, пренесува Анадолу.
Населеното место, откриено во северниот дел на Перу, во регионот Кахамарка, припаѓа на културата Вари и датира од 7 до 13 век пр. н. е.
Во соопштението, Проектот за археолошко истражување (ПИА) рече дека откриеното населено место, кое зафаќа 24 хектари, вклучувало две гробни комори со сложена подземна конструкција.
Шинја Ватанабе, еден од директорите на проектот, во изјавата нагласи дека при археолошките ископувања пронашле скршена керамика, церемонијални садови, керамички дувачки инструменти, разни оружја и траги кои одразуваат различни традиции.
Џудит Падиља, културен директор на Центарот Кахамарка, истакна дека постигнале значителен напредок кон разбирањето на минатото на Перу.
„За да се разберат сегашните практики, неопходно е да се истражат начинот на живот и ритуалите на древните општества кои живеат на перуанска почва. Сакаме да го разоткриеме социо-политичкиот систем на културата на Кахамарка и нејзиниот однос со империјата Вари“, додаде Падиља.