Mahmoud Barakat
05 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Шест ирачки цивили загинаа, а 17 се повредени во експлозија на автомобил-бомба денес во Багдад, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Возило натоварено со експлозив експлодираше во источната багдадска населба Ал Обеиди. Во тоа време, на улиците имаше многу луѓе“, потврди шефот на полицијата на Багдад, Ахмед Калаф.
Багдад во последниве месеци е средиште на бројни експлозии на автомобил-бомби за кои ирачките власти ја обвинуваат терористичката организација ДЕАШ.
Во понеделникот, 2. јануари, загинаа најмалку 50 цивили во повеќе бомбашки напади во Багдад.