Alma Çekovic
26 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Авиокомпаниите добија црвено предупредување поради опасност од облаците вулкански пепел во близина на индонезискиот туристички остров Бали, откако вулканот Агунг исфрли густ облак од чад кој достигна висина од 4.000 метри, пренесува Anadolu Agency (AA).
Црвеното предупредување значи дека веројатно ќе дојде до ерупција и значајно испуштање на пепел.
Ова е второ по големина испуштање на чад и пепел од Агунг оваа недела, што предизвика проблеми во воздушниот сообраќај.
Локалните власти почнаа да делат маски на населнието во соседните места поради пепелот кој паѓа.
Најголемиот аеродром на островот засега функционира нормално, но некои авиокомпании ги откажаа летовите бидејќи вулканскиот пепел може да ги оштети моторите на авионите.
Најпопуларните дестинации на Бали, Кута и Семињак од вулканот се оддалечени околу 70 километри.