Emel Öz
03 Мај 2021•Ажурирај: 04 Мај 2021
АНКАРА
Најмалку 26 лица се загинати во судир на патнички чамец и товарен брод во Бангладеш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случила на реката Падма, откако чамец при голема брзина удрил во товарно возило кое пренесувало песок.
Полицискиот официјален претставник од регионот Мадарипут, Мирај Хосеин, соопшти дека спасувачките екипи спасиле пет лица и извлекле 26 тела на загинати лица.
Весникот „Дака Трибун“ јавува дека спасувачките екипи и понатаму трагаат по повеќе исчезнати лица.