Ekip
18 Октомври 2021•Ажурирај: 20 Октомври 2021
ДАКА
Во Бангладеш, каде што е зголемено насилството поради хинду-муслиманските тензии, приведени се повеќе од 300 луѓе во врска со нападите врз хиндуистичките храмови, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека се нападнати најмалку 35 храмови, главно во Комила и Чатограм.
Поднесени се кривични пријави против повеќе од 10.000 луѓе поврзани со нападите, а повеќе од 300 лица се приведени.
Во насилствата настанати во различни делови на земјата, 6 лица го загубија животот, а повеќе од 100 луѓе се повредени.
- На 13 октомври избија немири
На 13 октомври избија немири во областа Хаџиганџ, поврзана со Чандапур, јужно од Дака, по наводите дека привремениот хиндуистички храм во областа Комила, југоисточно од Дака, не ја почитува светата книга на муслиманите, Куранот.
Во судирите во регионите Комила, Чатограм, Куриграм и Моулвибазар многу луѓе беа повредени.
Исто така, беше започната истрага за наводите за навреда на светите вредности на муслиманите.
Настаните се случија додека хиндусите низ целата земја го славеа фестивалот „Дурга Пуџа“.