Dildar Baykan Atalay
21 Јули 2022•Ажурирај: 22 Јули 2022
ВАШИНГТОН (АА) – Џо Бајден, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), истакна дека во рок од десет дена би можел да оствари средба со својот кинески колега Си Ѓинпинг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден на враќање од државата Масачусетс одговараше на новинарски прашања.
На новинарско прашање за планираната посета на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси на Тајван, која наиде на бурни реакции од Кина, Бајден рече: „Нашата војска во моментот мисли дека тоа не е добра идеја.“
Одговарајќи на прашањето дали планира наскоро да се сретне со кинескиот претседател Си, Бајден рече: „Мислам дека ќе имам средба со Си во следните десет дена.“
Претседателот Бајден не одговори на прашањето дали ќе се укинат царините на Кина.
Бајден и Си последен пат се сретнаа во март.