Dildar Baykan
26 Јуни 2021•Ажурирај: 27 Јуни 2021
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, на состанокот со претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, и со челникот на Врховниот совет за помирување, Абдулах Абдулах, одржан во Белата куќа, најави продолжување на дипломатската, хуманитарната и безбедносната поддршка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во период кога САД се подготвуваат за потполно повлекување на своите војници од Авганистан, Бајден разговараше со Гани и Абдулах за иднината на земјата.
Бајден во обраќањето пред состанокот, што е одржан зад затворени врати, соопшти дека САД ќе ја продолжат дипломатската поддршка за Авганистан.
Од друга страна, во соопштението од Белата куќа, упатено по состанокот, наведено е дека САД ќе ја продолжат безбедносната и развојната поддршка на Авганистан, но и дипломатската и хуманитарната помош.
Во соопштението е укажано и на сè поголемиот број заразени со коронавирус во Авганистан, и најавено е дека САД ќе ѝ донираат на таа земја три милиони дози вакцини „Џонсон и Џонсон“, а подготовките за испорака се во тек.
Кажано е дека САД ќе пружат додатна помош на Авганистан во рамките на борбата против пандемијата, а најавена е и хуманитарна помош од 266 милиони долари.