Hakan Çopur
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Властите на САД негодуваа поради протерувањето на дипломатите од Русија и порачаа дека тоа е показател дека американско-руските односи додатно биле влошени, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на Белата куќа за односи со јавноста, одлуката на Русија за протерувањето на американските дипломати и затворање на американскиот конзулат во Санкт Петербург ја смета за лош потег.
„САД и повеќе од 20 членки на НАТО адекватно ја санкционираа Русија поради протерување на руските агенти и скандалот кој се случи во Велика Британија. Рускиот одговор на тоа не е неочекуван и САД ќе се избори со тоа“, се наведува во соопштението на Белата куќа.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно најави дека Русија адекватно ќе одговори на сите земји кои ги протерале руските дипломати по труењето на поранешниот руски агент и неговата ќерка во Англија.
Русија вчера нареди протерување на вкупно 60 американски дипломти кои мораат да ја напуштат таа земја најкасно до 5 април. Одлуката вклучува и затворање на американскиот конзулат во Санкт Петербург.
Поранешниот руски агент, 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33 годишна ќерка Јулија неодамна беа пронајдени во несвесна состојба во Англија и беа згрижени во болница.
Велика Британија ја обвини Русија за труење на Скрипал, што рускиот претседател Владимир Путин категорично го негираше. Официјален Лондон тврди дек нападот е изведен со употреба на нервен отров Новичок кој советските сили го користеле и во Втората светска војна.
САД и уште најмалку 27 земји по скандалот протераа вкупно најмалку 144 руски дипломати и наредија затворање на рускиот конзулат во Сиетл, Австралија исто така протера двајца руски дипломати.