Mustafa Deveci
16 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот претседател Рувен Ривлин го именуваше Бени Ганц за мандатар за состав на новата Влада, лидерот на коалицијата на Сино-белите, која беше втора на предвремените парламентарни избори одржани на 2 март, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ганц на патот за формирање на новата Влада го поддржува и Заедничката арапска лига која ги обединува партиите што ги претставуваат Палестинците кои имаат израелско државјанство.
Во Израел владее длабока политичка криза. Во изминатите 12 месеци одржани се три парламентарни избори на кои најмногу гласови освои партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но таа десничарска политичка оција не успеа да состави коалициска влада со мнозинска поддршка во Парламентот.
Според изјавите на лидерите на политичките партии во Израел, Нетанјаху има поддршка од 58 парламентарни пратеници од десничарската партија, а Ганц го поддржуваат 61 претставник.
Ганц како мандатар според Уставот сега има 28 дена за формирање на коалициска Влада, а може да бара и додатни две недели за консултации. Доколку тоа не успее, претседателот на државата, Ривлин, ќе именува нов мандатар и ќе му даде иста шанса за формирање на влада. Доколку Израел не добие влада ни тогаш, Кнесетот повторно ќе одлучува за мандатар или неопходни нови парламентарни избори.