Ekipa
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
МИЛАНО (АА) - Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, денеска гласаше на референдумот за уставни измени што се одржува во неговата земја, пренесува Anadolu Agency (АА).
Поранешниот премиер рече дека тој е меѓу оние кои кажале „не“ на референдумот. Берлускони по гласањето се ракуваше со членовите на референдумската комисија и позираше за фоторепортерите во италијанскиот главен град Рим.
Неговата партија Форца Италија во голема мера е во хаос, додека обвиненијата за затајување данок го држат 80-годишниот лидер надвор од јавниот живот.
На референдумот што во голема мера ќе ја одреди неговата политичка иднина, гласаше и италијанскиот премиер Матео Ренци. Тој заедно со својата сопруга Агнес Ландини своето гласачко ливче го уфрли на референдумското место Тoскана, недалеку од Фиренца.
Ренци претходно изјави дека ќе поднесе оставка доколку мнозинството од оние кои ќе излезат на референдумот кажат „не“ на референдумот, со којшто треба да се ограничат правата на Сенатот, така што во иднина за законите ќе се одлучува само во долниот дом, што според предлагачите на уставните измени би ја поедноставила законодавната процедура.