Betül Yürük
06 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Ако до крајот на годината не го плати финансискиот придонес кон Обединетите нации (ОН), којшто треба да го плаќаат сите земји членки, Бразил ќе се соочи со ризикот од губење на правото на глас во Генералното собрание, пренесува Агенцијата Анадолија (АА).
Педесет и четири земји сè уште го немаат платено финансискиот придонес за Обединетите нации (ОН), каде што членуваат вкупно 193 земји. ОН се соочуваат со најлошата буџетска криза во последните 10 години. Бразил им должи на ОН повеќе од 415 милиони долари.
Според член 19 од Повелбата на ОН, една земја го губи своето право на глас во Генералното собрание на ОН ако нејзиниот долг кон организацијата е поголем од плаќањето направено во последните 2 години.
Бразил, која е втора земја што најмногу им должи на ОН по Соединетите Американски Држави (САД), до крајот на годината треба да плати 126 милиони американски долари за да не го изгуби правото на глас во Генералното собрание на ОН.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, во изјавата за медиумите во врска со тоа рече: „Како што разговараме со другите земји кои не можат да ги платат долговите навреме, така разговараме и со Бразил. Членот 19 од Повелбата на ООН е многу јасен.“
- САД сè уште им должат на ОН 491 милион долари -
Соединетите Американски Држави (САД), кои даваат најголем придонес во ОН, на организацијата сè уште ѝ должат 491 милион долари. САД исполнуваат 22 проценти од вкупниот буџет на ОН, кој изнесува 5,4 милијарди американски долари. Неодамна ѝ платија 563 милиони долари на организацијата, вклучително и долговите од 2018 година.