Ömer Yetkin Acar
19 Април 2017•Ажурирај: 19 Април 2017
САО ПАОЛО (АА) - Полициските службеници кои вчера влегoа во зградата на парламентот во Бразилија, главниот град на Бразил, за да протестираат против пензиските реформи, се судрија со колегите кои беа вклучени во заштитата на објектот, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу две илјади полицајци во областа на Минаш Жераис, Сеара, Парана, Еспирито Санто и Санта Катарина протестираа против планираните пензиски реформи.
Официјалните лица на Синдикатот на бразилската полиција во понеделникот соопштија дека судирот настанал бидејќи дел од демонстрантите се обиделе да влезат во просторот резервиран за претставниците на парламентот.
Демонстрантите ги демолираа прозорците на влезот од објектот поради што членовите на безбедносните сили употребија солзавец.
Припадниците на специјалните сили ги спречија демонстрантите во обидот да ја окупираат зградата.
Пратеникот Линколн Портела соопшти дека група полицајци се сретнале со пратеникот Артур Маја, кој е одговорeн за пензиските реформи.