Zuhal Demirci
07 Јули 2022•Ажурирај: 12 Јули 2022
ЛОНДОН (АА) – Министерството за надворешни работи на Велика Британија соопшти дека се неосновани информациите дека британскиот заменик-амбасадор во Техеран, Џилс Витакер, е приведен со образложение дека собирал примероци од почвата од регионот каде што е извршен ракетното тестирање на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Еден од портпаролите на Министерството даде изјава за „Скај њуз“ (Sky News) во врска со веста во иранските медиуми.
„Вестите дека британскиот дипломат е приведен во Иран се целосно неосновани“, нагласи портпаролот.
– Иранските медиуми соопштија дека британскиот дипломат е приведен –
Новинската агенција „Тасним“ соопшти дека Витакер и неколку дипломати со него се приведени од Револуционерната гарда, откако било откриено дека зеле примероци од почвата во забранетата област каде што биле извршени ракетни тестови во пустината Шехдад, покраината Кирман.
Наведено е дека возилото во кое се наоѓал и Витакер е снимено во област со беспилотно летало на Револуционерната гарда.
Видеоинсертите беа емитувани од иранската државна телевизија. Исто така, беше соопштено дека Витакер ќе биде депортиран.