Ömer Faruk Yıldız
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Безбедносните сили во Мјанмар убија уште 3 лица, со што бројот на смртни случаи откако започнаа протестите на 1 февруари се зголеми на 840 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на Здружението за помош на политичките затвореници (AAPP), во последните 24 часа убиени се уште 3 лица.
Се истакнува дека вкупниот број на загинати е зголемен на 840, а 4.409 лица се наоѓаат во притвор.
Исто така се соопштува дека најмалку за 1.881 лице се издадени налози за апсење.
- Убиен е еден од водачите на етничка вооружена група -
Од друга страна, убиен е Сао Кхун Кјав, заменик-командант на Армијата на славните нации (SNA) во државата Качин во Мјанмар.
Во изјавата за весникот „Иравади“ („The Irrawaddy“), портпаролите на СНА изјавија дека Кјав бил убиен од снајперист од Армијата на Мјанмар на 26 мај, додека патувал и бил придружуван од телохранителите.
Кјав, кој се приклучи на СНА по бунтот во земјата во 1988 година, се сметаше за еден од клучните водачи на вооружената група.
- Воен удар во Мјанмар -
Армијата на Мјанмар ја презеде власта во земјата на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).
Како резултат на вооружената интервенција на Армијата на Мјанмар врз демонстрантите против пучот, досега 765 цивили го загубија животот.
Додека во земјата се одржуваат демонстрациите што започнаа на 6 февруари со барање за враќање на демократијата, продолжува судењето на приведените високи државни функционери пред Воениот суд.