Ekipa
31 Октомври 2019•Ажурирај: 31 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Бројот на загинати за време на антивладините демонстрации во Ирак, кои траат од петокот, се искачи на 100, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Комесаријатот за човекови права на ирачкиот Парламент се истакнува дека за време на протестите во главниот град Багдад и во централните и јужните градови во земјата во последните 6 дена, бројот на лица што ги загубиле своите животи се искачи на 100.
Во соопштението, исто така, се вели дека бројот на повредени демонстранти и полициски сили е зголемен на 5.500.
Ирачаните организираат протести во различни делови од земјата поради невработеноста, корупцијата и недостигот на јавни услуги. Протестите кои започнаа на 1 октомври, по прекинот поради церемонијата по повод Арбаин, во петокот (на 25 октомври) започнаа повторно.