Muhammed Sabry
23 Октомври 2023•Ажурирај: 24 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Бројот на загинати Палестинци во тековните израелски воздушни напади врз Појасот Газа се искачи на 5.087, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа, кој е под блокада, јавува Анадолу.
„Меѓу жртвите 2.055 се деца, 1.119 се жени, додека 217 се стари лица“, рече портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кудра, на прес-конференција во Газа.
Тој истакна дека во израелските напади повредени се 15.273 лица.
„Израелската окупација изврши 23 масакри во изминатите 24 часа во кои загинаа 436 лица, меѓу кои 182 деца“, додаде Кудра.
Министерството за здравство досега добило извештаи за 1.500 лица, меѓу кои 830 деца, кои сè уште се заробени под урнатините.