Dilara Hamit
26 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
БАГДАД (AA) - Бројот на загинатите на протестите во Ирак се зголеми на 30, соопшти ирачката организација за човекови права, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, бројот на загинатите на протестите кои почнаа во Зелената зона во Багдад порасна на 30, додека се ранети 2.312 лица, вклучувајќи и припадици на полицијата.
Полицијата употреби сила за растерување на демонстрантите кои влегоа во Зелената зона, во која се наоѓаат државните институции и претставиштва на странските мисии.
И покрај големите безбедносни сили распоредени околу Зелената зона, демонстрантите ги блокираа клучните мостови кои ја спојуваат дипломатската енклава со Плоштадот Тахрир во центарот на Градот.
Во ирачките провинции Басра и Тхи Кар, демонстрантите се собраа на јавните плоштади пред владините згради.
На антивладините протести во Багдад и на одредени подрачја на југот, кои почнаа на 1. октомври смртно страдаа повеќе од 110 луѓе, а повеќе од 6.000 се повредени.