Büşra Selvi Öğütcen
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
ЊУЈОРК
Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во светот надмина 40,2 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот бројот на случаите на заразување е зголемен на 40.282.000.
Во светот досега од последиците на Ковид-19 починаа 1.118.330 лица, се излекуваа повеќе од 30,1 милион, а бројот на активни случаи изнесува повеќе од 9,04 милиони.
Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД, со повеќе од 8,3 милиони заразени лица и 224.730 починати.
Според бројот на заразени, по САД следуваат Индија со повеќе од 7,5 милиони, Бразил со 5,2 милиони, Русија 1,3 милиони и Аргентина со 989.680 случаи на заразување.
Според бројот на починати, по САД следуваат Бразил со 153.905, Индија 114.642, Мексико 86.167 и Велика Британија со 43.646 починати лица.