Ahmed Asmar
09 Октомври 2024•Ажурирај: 10 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Уште најмалку 45 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од минатата година досега достигна 42.010, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се додава дека околу 97.720 се повредени во нападите.
„Израелските сили убија 45 луѓе и повредија 130 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многумина сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.
Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот, Израел продолжи со бруталната офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.
Поради израелските напади е раселено речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници меѓу Израел и Хамас не успеаја поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.