Ihvan Radoykov
14 Април 2021•Ажурирај: 15 Април 2021
СОФИЈА (АА) – Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, соопшти дека нема да биде кандидат за премиер во новиот Кабинет што ќе го претстави во име на партијата „Граѓани за европски развој“ (ГЕРБ), по парламентарните избори одржани на 4 април, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена по последниот состанок на Владата, Борисов рече: „Ќе предложам друг кандидат за премиер во новиот Кабинет.“
Премиерот Борисов рече дека претседателот Румен Радев истакнал дека партијата „Граѓани за европски развој“, која има 75 пратеници во 240-члениот Парламент, ќе ја исполни задачата за формирање влада според условите дадени во Уставот.
„Гласачот повторно ја даде најголемата поддршка за нас. Но, предложените имиња за министри во новиот Кабинет нема да ги кажам сега, туку на собраниската говорница“, рече Борисов.
Борисов, кој беше премиер три пати во последните 10 години, рече: „Го почитувам принципот „единството произлегува од заедништвото“.
- Партијата „Граѓани за европски развој“ (ГЕРБ) има мали шанси да состави влада -
Сите останати пет политички партии што имаат пратенички групи во новиот Парламент изјавија дека нема гласаат за новиот Кабинет што ќе го предложи партијата „Граѓани за европски развој“ (ГЕРБ). Парламентот ќе се состане на 15 април.
Имајќи предвид дека предлогот за Кабинетот нема да помине во Парламентот, Борисов веќе го повика шоуменот Слави Трифонов да ја подготви министерската листа.
Трифонов, со неговата партија „Има таков народ“ освои 51 пратеничко место во Парламентот без да направи кампања или да даде каква било политичка изјава.
По Борисов, како лидер на втората по големина политичка партија во Парламентот, ќе мора да го претстави предлог-кабинетот.
На својот профил на социјалните медиуми наведе дека ќе ја исполни својата уставна должност.
Според уставната процедура, претседателот Румен Радев мора прво да им го додели мандатот за формирање Влада на двете најголеми партии во Парламентот.