Ahmet Gürhan Kartal
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
ЛОНДОН
Велика Британија на листата на санкции стави 20 саудиски државјани поради нивната вмешаност во случајот на убиството на новинарот Џамал Кашоги. Меѓу 20-те Саудијци се најдоа заменик шефот на саудиската разузнавачка служба Ахмед ал Асири и специјалниот советник на принцот Мухамед бин Селман, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштениеот на британското МВР се наведува дека со закон, слично на американскиот закон „Магнитски“, се настојува да се воведат санкции против оние кои вршат најтешки облици на кршење на човековите права.
Во соопштението се наведува дека во почетокот на листата ќе се најдат 49 лица, а во месеците што следат се очекува на листата да бидат ставени и други лица.
Санкциите предвидуваат забрана за влез во земјата, забрана за трговија преку британиски банки и забрана за заработка од британската економија. Исто така, се истакнува дека мерките ќе бидат насочени и кон поединци и кон институции, но не и кон држави.
На првиот попис на санкции ставени се 25 државјани на Русија поради смртта на даночниот експерт Сергеј Магнитски кој го прегледувал досието за корупција во Русија вредно 230 милиони долари и уште 20 државјани на Саудиска Арабија поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Меѓу саудиските државјани се и поранешниот заменик шеф на саудиската разузнавачка служба Ахмед ал Асири и специјалниот советник на принцот Мухамед бин Смад Мухелман.
Судот во Истанбул кон средината на април го прифати обинението на 117 страници кое турското обвинителство го поднесе против вкупно 20 саудиски државјани осомничени за убиството на новинар Џамал Кашоги, по кои е распишата потерница.
Првото рочиште започна на 3. јули во 11. Кривичен суд во Истанбул, без присуство на обвинетите. Судската расправа започна со читање на резимето на обвинението, а продолжи со сведочење на Хатиџе Џенгиз, вереницата на убиениот новинар Кашогил, која во судот пристигна во придружба на адвокат.
Меѓу обвинетите се Ахмед Асири и Сауд Ал Кахтани кои се обвинети дека од почетокот го планирале убиството на Кашоги и во согласност со тој план одредиле егзекутори и им издале наредба. За двајцата се бара изрекување на повеќекратни доживотни казни затвор. Останатите 18 лица кои се опфатени со обвинението исто така се теретат за убиство со умисла и свирепо мачење на жртвата. Тие првично планирале Кашоги да го вратат во Саудиска Арабија, но имале и подготвен план за убиство со давење доколку жртвата не прифати да оди со нив. За 18 обвинети се бара изрекување на повеќекратни доживотни казни затвор.
Обвинети се Мансур осман Абу Хусеин, Махер Абдулазиз М. Мутреб, Салах Мухамед А. Тубаиџу, Мустафа Мухамед М. Ал-Мадани, Саиф Сад К. ел-Кахтани, Тхар Гхалеб Т. Алхарби, Бадр Лафи М. Алотаиби, Турки Мушараф М. Алшехри, Фахад Шабиб А, Албалави, Валид Абдулах М. Алшехри, Мухамед Сад Х. Алзахрани, Наиф Хасан С. Аларифи, Абдулазиз Мухамед М. Алхавсасви, Халид Еид Џ. Алотаиби, Мешал Сад М. Албостани, Муфлих Шаја М. Алмуслих, ахмед Абдулах А. Алмузаини и Сад Муид Алкарни.
Џамал Кашоги, новинар на „The Washington Post“ убиен е во комплексот на саудискиот конзулат во Истанбул во кој тој ден влегол на закажан состанок поради издавање на потребни лични документи за веннчавка. По повеќедневно негирање, властите на Саудиска Арабија признаа дека Кашоги е убиен, а дополнително судот во Саудиска Арабија им изрече смртни казни на петорица обвинети. Уште тројца обвинети добија затворски казни во вкупно траење од 24 години. Блиските соработници на принцот Бин Селман се ослободени од сите обвинувања.
Комесаријатот за човекови права на Обединетите нации (OHCHR) во извештај на 101 страница тврди дека убиството на Кашоги е чин кој Саудиска Арабија го извршила со умисла. Во извештајот се наведува дека постојат валидни докази за неопходноста од спроведување на истрага за вмешаноста на највисоките саудиски официјални лица во тоа убиство, вклучувајќи го и принцот Бин Селман.