Gökhan Kurtaran
26 Август 2022•Ажурирај: 29 Август 2022
ЛОНДОН (АА) – Во Велика Британија 115.000 вработени во поштенските служби одлучија да започнат четиридневен штрајк низ целата земја, вклучувајќи го и денешниот ден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Синдикатот на комуникациските работници (CWU), кој ги застапува работниците кои штрајкуваат, се наведува дека работниците бараат праведно зголемување на платите и дека е одлучено да се штрајкува денеска, на 31 август, 8 и 9 септември.
Се наведува дека зголемувањето на платите на работниците треба да биде на ниво што ја одразува моменталната инфлација, која е на највисоко ниво во последните 40 години во државата.
Според соопштението, по тримесечни преговори со работодавачот, синдикатот го одби предлогот за зголемување на платите, кој изнесуваше 5,5 отсто годишно.
Годишната инфлација во земјава во јули достигна 10,1 отсто, што е највисоко ниво во последните 40 години.
Банката на Велика Британија ја зголеми основната стапка од 1,25 отсто на 1,75 отсто на почетокот на овој месец. Тоа е највисокото зголемување на каматната стапка во последните 27 години во борбата против зголемената инфлација.