Ekip
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
ЛОНДОН (АА) - Британската Влада денеска објави дека ќе испорача повеќе амбулантни возила на Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Околу 20 амбулантни возила ќе бидат испратени во источноевропската земја зафатена со конфликт, каде што здравствените услуги се дојдени до критична состојба откако Русија ја започна нејзината војна.
„Владата на Велика Британија застана рамо до рамо со Украина и ја снабди со медицинска опрема која ѝ е потребна“, рече секретарот за здравство и социјална заштита, Саџид Џавид.
„Инвазијата ја оштети клучната медицинска инфраструктура, а донацијата на четири амбулантни возила од страна на Јужноцентралната амбулантна служба ќе обезбеди луѓето во Украина да добијат итна помош. Тоа се првите од многуте амбулантни возила кои британската Влада и НХС ќе ѝ ги донираат на Украина во наредните денови“, додаде Џавид.
Првата група на амбуланти возила, донирана од Фондацијата (SCAS) на Јужноцентралната амбулантна служба (NHS) (South Central Ambulance Service (NHS) Foundation Trust (SCAS)) ќе бидат испорачани оваа недела до западниот украински град Лавов.
Оваа донација, која е дел од владиниот хуманитарен пакет за Украина, ќе ги замени украинските амбулантни возила изгубени за време на руската војна.
„За жал, од ден на ден ги набљудуваме ужасните влијанија на суровата војна на [рускиот претседател Владимир] Путин врз народот на Украина, вклучително и доказите за ужасните дејствија на руските војници во градовите како Ирпин и Буча“, се вели во соопштението на министерката за надворешни работи, Лиз Трас.
„Велика Британија е помеѓу најголемите донатори на помош, обезбедувајќи храна и лекови. Овие амбуланти возила на НХС од светска класа сега ќе помогнат со донесувањето на опрема која го спасува животот на оние кои се директно повредени во конфликтот“, додаде таа.
Оваа најнова донација доаѓа како додаток на речиси 400 милиони фунти (522 милиони долари) ветени од Велика Британија за Украина, од кои 220 милиони фунти (287 милиони долари) се користат за хуманитарна помош.
Велика Британија донира 5,29 милиони артикли на медицински материјали во Украина, меѓу кои 3.000 реаниматори, 220.000 пакувања за нега на рани, вклучувајќи антибиотици и лекови против болки и 1.600 дела опрема за респиратори.
Војната на Русија со Украина, која започна на 24 февруари, беше пресретната од меѓународна осуда, а ЕУ, САД и Велика Британија, меѓу другите, воведоа строги финансиски санкции на Москва.
Најмалку 1.480 цивили загинаа во Украина, 2.195 беа повредени, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 4,24 милиони Украинци заминаа во други земји, а милиони се внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.