Bedrudin Brlyavac
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Верниците на најстарата џамија во САД го повикаа Доналд Трамп, републиканскиот претедент за кандидат на ноемвриските претседателски избори во САД да им дојде во посета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Управата на џамијата "The Mother Mosque of America" во Кедар Рапидс, го повикува Трамп во посета за да разговараат со него и, како што велат, му порачуваат дека исламот е вера на мирот и разбирањето, а не вера која пропагира војување и убивање невини.
"Господине Трамп, дојдете и посетете ги вашите соседи, дојдете да ги видите вашите сограѓани", рече имамот на џамијата Таха Тавил.
Да потсетиме, Трамп, со реторика од предизборни собири, во својата прва видео порака повика на забрана на влез во САД на сите муслимани. Американскиот бизнисмен во пропагандната видео порака рече дека ќе го уништи ДАЕШ, но и вербално ги напаѓа сите муслимани во светот.
Имамот Тавил сепак, истакна дека во секој момент е подготвен да разговара со Трамп во врска со положбата на мусиманите во САД, додавајќи дека тие имаат еднакви права и слободи како и сите други граѓани на таа земја.
"Кажете ни што сакате од нас? Во што е проблемот? Ние не знаеме дека има проблем", рече Тавил, кој додаде дека сака да направи поголеми напори со цел да се престане со негативните коментари кои предизвикуваат антимуслиманска реторика во американското општество.
Тавил нагласи дека Трамп прави голема грешка што сите муслимани ги "става во ист кош", додавајќи дека најголемиот дел од припадниците на исламската вероисповест се многу толерантни и отворени за дијалог и соживот.
"Тоа е прекрасна вера. Тоа е вера на мирот, спокојството и разбирањето. ДАЕШ убива повеќе муслимани отколку немуслимани. Затоа сакаме да се ослободиме од таа организација како што знаеме и умееме", рече Тавзил.
Кажа дека муслиманите во САД и било каде во светот сакаат да живеат во мир и хармонија со своите соседи.
"Тоа во суштина е американскиот начин на живот. Дојди и посети нè, испиј шолја кафе, пробај баклава, наубавиот колач во муслиманското општество", рече имамот на џамијата.