Bayram Altuğ
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Високиот комесар на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Зејд Раад eл Хусеин, соопшти дека од јуни 173 цивили го загубиле животот во Рака, која е под контрола на терористичката организација, во воздушните и копнените операции на меѓународната коалиција предводена од страна на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA)
Хусеин во писмено соопштение истакна дека се интензивирани копнените напади на коалицијата, и оти околу 100.000 цивили се заробени во градот.
Изразувајќи длабока загриженост за состојбата на цивилите во Рака, Хусеин ги повика сите страни да не ги доведуваат во ризик животите на цивилите во Рака.
„Цивилите не треба да се жртвуваат заради брза воена победа“, пренесе Хусеин, информирајќи дека со оптимистичка претпоставка, најмалку 173 цивили го загубиле животот од 1 јуни, во извршените воздушни и копнени операции во Рака од страна на меѓународната коалиција предводена од страна на САД.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во изјава дадена на 21 јуни упати апел за заштита на цивилите и цивилината инфраструктура во извршените операции за ослободување на Рака од терористичката организација ДЕАШ.