Ömer Tuğrul Çam
29 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, наредната недела ќе престојува во посета на Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел ќе биде првиот висок претставник на ЕУ кој ја посетил Русија од 2017 година.
Во соопштението објавено од канцеларијата на Борел е наведено дека високиот претставник на ЕУ, на 4 февруари ќе се состане со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и со други руски официјални претставници.
Нагласено е исто така дека посетата на Борел е важна за страните да можат да ги разгледаат односите во широки рамки пред Самитот на лидерите на ЕУ кои ќе се одржат во март, а на кој една од темите ќе бидат односите на ЕУ и Русија.
За време на посетата на Борел ќе бидат разгледани прашањата за руските активности во Украина, важноста на континуитетот на Договорот за нуклеарната програма потпишан со Иран, епидемијата на Ковид-19, како и случајот на труење и притвор на рускиот опозиционер Алексеј Навални.